| четврток, 6 декември 2018 |

Над 4000 заболени од грип за една недела

грип

Минатата недела во ИЈЗ биле регистрирани 4318 заболени од грип. Вкупниот број за оваа сезона стигна до 22970 лица.

Во споредба со истиот период минатата година, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи во оваа сезона за 6,9 отсто, а во однос на просекот за 10-годишниот период, годинава се регистрира зголемување за 43,6 отсто. Заразени има во сите градови. Најмногу во Скопје -3954, Куманово – 2354 и во Тетово – 2220.

Најмногу регистрирани има во – 11.818 или 51,4 отсто од вкупниот број. Изминатиот период до лабораторијата во ИЈЗ пристигнале 19 материјали за тестирање од кои само 6 биле позитивни на грип – 5 инфлуенца Б и 1 инфлуенца А нетипизиран.

Според епидемиолозите, бројот на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип започнува да опаѓа, иако интензитетот на ова заболувањe сеуште е висок. Се очекува активноста на вирусот да опаѓа и да го задржи овој тренд на постепено, но континуирано намалување на бројот на заболени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top