Претседателот на САД Барак Обама за време на посетата на Израел истакна дека на израелската држава нема да има поголем сојузник од Америка во потрагата за мир на Блискиот исток.
Обама порача дека во фундаменталиот безбедносен интерес на САД е да биде со Израел, а неговиот израелски колега Шимон Перез им се заблагодари на САД „за тоа што се и за тоа што го прават“.
– Светот без Америка би бил многу потемен, изјави Перес.
Перес рекол дека верува во политиката на САД за спречување на Иран да произведе нуклеарно оружје и дека Техеран е најголемата опасност за безбедноста на Израел.
Обама ветил дека ќе го спречат Иран да развие нуклеарно оружје, но и дека се залагаат за дипломатско решение, а не за војна, иако сите опции се отворени.
Според американскиот претседател, судејќи по досегашното однесување на Иран наговестува дека не можело да му се верува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.