| четврток, 6 декември 2018 |

САД ќе ги депортира лицата осомничени за воени злосторства во БиХ

bih

Главното обвинителство на Босна и Херцеговина и американски претставници разговараа за депортирање на босанските имигранти од САД под сомнение дека учествувале во воени злосторства за време на војната (1992-1995).

– Во фокусот на средбата со претставници на американскотото Министерството за правда беше соработката и размената на информации меѓу Обвинителството на БиХ и американските власти за осомничените за воени злосторства, кои живеат во САД, се наведува во соопштението на Главното обвинителство на БиХ.

„Њујорк тајмс“ во февруари објави дека американските власти идентификувале околу 300 Босанци, за кои се смета, дека извршиле воени злосторства, пред се во Сребреница. Најмалку 150 од нив американските власти се обидуваат да ги депортираат.

Се претпоставува дека бројот на осомничени може да достигне до 600 луѓе со зголемувањето на достапната документација од БиХ. Голем број од нив се поранешни војници, а некои од нив веќе имаат и американско државјанство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top