| четврток, 6 декември 2018 |

Сириски мигрант претепан и ограбен во Неготино

26-годишен мигрант од Сирија бил ограбен и претепан, по што завршил во Медицинскиот центар во Неготино, извести МВР.Случајот бил пријавен вчера во 19.45 часот, при што на полицијата и било кажано дека двајцата непознати напаѓачи му украле 1.600 евра, а тој потоа со Брза помош бил префрлен во МЦ Неготино, каде што е задржан на лекување.

Полицијата вели дека трага по разбојниците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top