| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска место руски, чека американски туристи

darko_lorencinАмериканските туристи оваа година можат да ги заменат руските на хрватското приморје. Имено, поради силниот долар Хрватска стана уште поевтина за Американците. На Хрватите засилувањето на доларот им оди в прилог, бидејќи на Американците нивната земја им станува поевтина за толку за колку што се засили доларот.

– На Американците сметавме и пред ваквиот развој на настаните со доларот. Посетата од таа земја во последните неколку години расте и се бележи двоцифрено – вели министерот Дарко Лоренцин, кој потсетува дека во јуни почнуваат и директни авионски летови од Торонто за Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top