| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон загрижен поради „раздорната“ реторика на израелските избори

Белата куќа соопшти дека е загрижена од, како што е речено, раздорната реторика на израелските парламентарни избори, на кои победи десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Соопштението на официјален Вашингтон е реакција  на изјавата на Нетанијаху во финишот на предизборната кампања дека доколку остане премиер нема да дозволи создавање палестинска држава.
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест во специјалната изјава посочи дека повеќе од 20 години политика на САД е решението за „две држави„ (израелска и палестинска), како можност за разрешување на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.
Ернест рече дека САД одново ќе ја реафирмираат оваа своја позиција.
Портпаролот Ернест  ја отфрли како неприфатлива и загрижувачка реториката да се „маргинализира еден сегмент од израелското население„ за кое рече дека има „раздорен ефекет“.
Станува збор за јавните обвинувања на Нетанјаху дека неговите противници ги покренале израелските Арапи масовно да излезат на изборите од вторникот и да гласаат, што тој го оквалификува како опасно за Израел.
izrael izboriЗаедничката Арапска листа, на крајот, забележа голем успех, станувајќи трета политичка сила во Кнесетот, со своите 14 пратеници, веднаш зад Ликуд со 30 и Ционистичката унија со 24 пратеници.
Џош Ернест објасни дека американскиот претседател Барак Обама ќе му ја честита изборната победа на Бенјамин Нетанијаху „во текот на наредните денови“ откако ќе формира нова влада.
Студената реакција на Белата куќа претставува потврда на максимално заладените израелско-американски односи, кои ескалираа со настапот на Нетанјаху во американскиот Конгрес, кога  отворено и директно ѝ се спротивстави на американаката политика кон Иран дезавуирајќи ги напорите на Обама за постигнување спогодба со Техеран околу неговата контроверзна нуклеарна програма.
Израелскиот премиер поради тоа не беше примен во Белата куќа, што беше прв таков случај во историјата на односите меѓу двете земји.
Настапите на Нетанјаху во текот на изборите и неговата „тврда“ реориката не наиде на одобрување ниту кај ЕУ, а ниту во Обединетоте нации.

Брисел ја повика новата израелска влада да го обнови дијалогот со Палаестинците, прекинат уште пред една година, а ОН побараа продолжување на мировните преговори што би воделе до создавање палестинска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top