| четврток, 6 декември 2018 |

Руски воени вежби низ земјата

ruska-vojska-ukrajina-foto-reuters-1394470299-459199Русија се подготвува да ги одбие можните симулирани копнени и поморски напади на своите граници и во рамки на таа симулација почна масовни воени вежби на кои учествуваат десетици илјади војници од сите родови на војската.

Покренат е највисок степен на тревога во сите девет временски зони на Русија и покрај границите со земјите на НАТО меѓу моторизираната пешадија, борбената авијација и „спецназ“ трупите, пренесе „Раша тудеј“.

Во моментов воените маневри се одвиваат истовремено со американските вежби во регионот на Балтикот и маневрите на НАТО во Црно Море.

– Русија го информира ОБСЕ за маневрите на својата Северна флота што ќе траат од 16 до 21 март – рече заменик-министерот за одбрана Анатолиј Антонов, пренесува РТ.

Зоната на вежби на Северната флота се протега до Норвешко Море, а бројот на поморски групи е зголемен на пет, се истакнува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Повеќе од 20 бродови на руската Балтичка флота се на море и изведуваат вежби, соопшти руската воена прес-служба.

Бродовите се распоредени во неколку тактички групи и изведуваат противвоздушни, артилериски и противподморнички вежби, пренесе „Раша тудеј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top