Ако не се чувствувате добро во својот дом, можеби причина за тоа се некои работи кои ги имате дома, а за кои не сте свесни дека ви пречат.
Сè има свое влијание и создава различна енергија во домот. Поради тоа, колку и да не верувате, поставеноста на некои елементи може да биде клучна за вашето лошо расположение без причина.
Доколку го менувате ентериерот во вашиот дом, внимавајте на неколку работи кои треба да ги избегнете:
1. Црна врата
Според фенг шуи најсоодветната боја за вашата влезна врата ќе ја одберете во зависност од тоа на која страна се наоѓа. Црната боја привлекува несреќа, доколку вратата се наоѓа на северната страна.
2. Растенија со трња
Остри и бодликави растенија се вистински магнет за лошата среќа. Затоа не е препорачливо да одгледувате растенија со трња или боцки, како што е кактусот.
3. Календар на погрешно место
Календарот кој се наоѓа на врата потсетува дека животот е минлив и затоа негативно влијае на квалитетот и должината на живеење на домашните.
4. Огледало спроти креветот
Постои верување според кое огледалото поставено спроти креветот за спиење привлекува неповолно влијание, кое може да се одрази на вашата врска или на бракот.
5. Слика со бура
Доколку имате впечаток дека ве следи лоша среќа, време е да се ослободите од сликата. Бурата е симбол на катастрофа, така што сликата со ваков мотив влијае на вашето однесување и на енергијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2019 година!
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Ќе пливаат во пари – крајот на септември носи голема добивка за овие три хороскопски знаци
-
Овие три знаци ќе се збогатат во септември: Пари од сите страни, успех на работа…