| четврток, 6 декември 2018 |

Штетите од поплавите во Кривопаланечко околу 15,5 милиони денари

poplavi-10

Според извештајот на Општинската комисија за утврдување на штети настанати од елементарни непогоди, вкупната сума на штетите настанати од јануарските поплави во Крива Паланка изнесува 15.497.000 денари.

– Во нашата општина најмногу штети се настанати во секторот домување каде се оштетени потпорни ѕидови и има навлезено вода во станбени објекти, а вкупната штета во овој сектор проценета од страна на комисијата изнесува околу 9 милиони денари, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Штети има и во секторот води и водоводи, каде се уништени водоводни мрежи и канализациски системи, а значителни штети се предизвикани и во земјоделскиот сектор.

– Во секторот земјоделството побарувањата изнесуваат 1.604.000 денари и тие се однесуваат на земјоделски култури, земјоделски производи, регулација на долови и слично, во секторот транспорт побарувањата за санација на локална патна мрежа и мостови изнесуваат 4.893.000 денари. Тука имаме многу оштетувања, уништен е еден мост во месноста Мизовски ливади кој е неупотреблив-рече Алексовски.

Согласно методологијата за утврдување штети од елементарни непогоди , општинската комисија изготвила елаборати и записници, кои по усовјувањето од страна на Советот на општината се доставени до Министерството за финансии.

– Очекуваме во понатамошниот период по нивното разгледување да бидат одобрени средства за санација на штетите, додаде Алексовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top