| четврток, 6 декември 2018 |

Новата холандска компанија „Антура“ ќе се отвори на 6 мај во Кочани

1717500Untitled-9

Директорот на холандската компанија „Антура“, која се занимава со производство на семенски материјал и растенија и која започна со изградба на капацитет во Кочани, Иван ван дер Кнап, изјави дека уште пред година ипол постоеле планови за инвестирање во Република Македонија, а сето тоа сега се реализира.

– Бевме среќни што можевме да започнеме со изградба на крајот од минатата година и задоволни сме што за 12 месеци сме пред крајот на нашиот проект за изградба на капацитетот. Првите растенија веќе растат во Македонија и веќе стотина луѓе се вработени – изјави Ван дер Кнап.

Холандската фабрика во Кочани ќе биде отворена на 6-ти мај.

-Можам да соопштам дека планираме да ја отвориме официјално фабриката на 6 ти мај. Многу сме задоволни што го запазивме временскиот план за реализација на инвестицијата и сме среќни за целата поддршка која ја добивме и што имаме можност да работиме во Македонија. Се надевам уште на многу успешни години работа, додаде директорот на холандската компанија „Антура“.

Изјавата на Ван дер Кнап може да ја погледнете на овој линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top