По двегодишни напори Советот на Европа конечно ја реформираше мониторинг постапката. Отсега во Огранизацијата нема да има привилегирани земји, нема да се применуваат двојни стандарди, едни за новите земји-членки, а други за старите.
Реформата на мониторинг процесот конечно го даде својот резултат. Имено после скоро двегодишни напори за да се реформира мониторинг постапката и да нема таканаречени привелигирани земји, односно земји коишто се членки на Советот на Европа, а немаат обврска да ги исполнуваат своите стандарди- тоа се 33 земји, се постигна договор да постои можност за отварање на мониторинг кон сите земји. На моја иницијатива веќе следната 2016 година во официјален документ кој го усвои мониторинг-комитетот на Паралемнтарното собрание на Советот на Европа Грција ќе биде ставена под мониторинг во делот на почитување на човековите и малцинските права, владеењето на правото и демократијата. Сметам дека ова е голем успех затоа што првпат се отвараат овие прашања за Грција, во исто време е шанса за Грција да покаже што направила, но исто така да превземе обврска да ги реализира, како би можеле сите граѓани во Грција да ги чувствуваат своите права на еднаков начин, односно да можат да се изразат на еднаков начин и религиозно и културно и јазично и етнички, посочи пратеникот Александар Николовски.
Претседателот на Мониторинг-комисијата на паралментарното собрание на СЕ, Штефан Шенах посочи дека за нов систем за мониториг се одлучиле уште минатата година.
Мината година одлучивме дека ни е потребен нов начин за работа во Комитетот за Мониторинг, затоа што не постојат општестева со две класи. Оние кои под мониториг и оние кои се постари членови и кои што не се предмет на мониторинг. Па затоа одлучивме на најдеме нов систем за мониторинг, значи, еден е тематскиот кој се реализира секоја година, без однапред определен датум. Сега, се одлучивме за Андора, Белгија,Кипар и Хрватска.Тоа е групата за која оваа година се одлучивме да извршиме мониторинг. Ова е еден начин, а постојат и други. На пример, можеме да се одлучиме за тематски пристап, на пример ќе се одлучиме за четири земји каде што прашањето на Ромите и Синте е особено битно прашање за овие земји, или владеењето на правото, малцинствата и слично. Значи нема повеќе општества со две класи, односно секоја земја е предмет на извршениот мониторинг или не е, но постојат и земји кои се постојано под строг мониторинг во сите форми. Во 2016, во мојата земја, Австриа, Грција и не е Франција, затоа што Франција ќе биде следната година, а оваа година е предмет на тематски мониторинг, рече Штефан Шенах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



