Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во Штип на средба со вработените од државните институции ги претстави новите закони за вработени во јавен сектор и за административни службеници.
Ивановски вели дека со правењето детални анализи на систематизацијата на работните места ќе се знае и кои работни места им се неоподни на институциите.
– Претходно треба да се направи една функционална анализа на институциите да се видат кои работни места им се потребни, кои работни места им се останати од стариот систем за да се усогласат систематизациите, според законот каде што најмногу до 50 проценти од вработените можете да имате слободни нови места во систематизациите. Тоа е направено за да можат институциите да бидат покомпактни, поефикасни и затоа е неопходна една ваква соработка, каде што директно со претставниците од институциите ќе дискутираме и ќе одговараме на нивните предизвици – вели Ивановски.
Тој додава дека со имплементирањето на новите закони за вработените во јавната администрација има многу позитивни промени, а новите вработувања во администрацијата ќе бидат базирани на знаење и компетенции, познавање странски јазици, компјутерски вештини.
– Дополнително во однос на напредокот на кариерата за вработените се поставуваат на почетокот на годината објективни индикатори од претпоставените и врз база на тие индикатори ќе се мери успешноста на вработениот. Оценувањето кое што ќе биде многу пообјективно од она што денес го има во Република Македонија, каде што ќе оценуваат тие што се ваши колеги, граѓаните и тие што се над и под вас, и се разбира за најдобрите 5 проценти од вработените ќе добијат 13-та плата – рече Ивановски.
Во новите закони предвидено е администрацијата да имаат и 40 часа поминато во обуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
В петок ќе се знае точната бројка на јавната администрација
-
Близу илјада административци од Секретаријат за Рамковниот договор ќе се прераспределат во јавниот сектор
-
Од септември овие државни институции ќе работат во две смени
-
Од први септември: Aдминистрацијата со флексибилно работно време и на смени



