Доколку сакате да ја вратите страста во љубовната врска уредете ја спалната соба според фенг шуи правила.
- Исфрлете ги од спалната соба сите спомени на поранешните неуспешни врски – фотографии, писма, подароци… Ништо не смее да ве потсетува на пропадната љубов
- Според фенг шуи треба да купувате нов кревет при секоја замена на партнерот бидејќи старото “љубовно гнездо” носи негативната власт на минатото и може да ја уништи новосоздадената врска
- Според принципите на фенг шуи постелнината треба да се менува со секој сексуален акт
- Внесете во собата сѐ што ве асоцира на романтика и поставете ги тие предмети на ѕидот кон креветот, на кој природно ви паѓа погледот кога лежите, како и на површината која прво ја гледате секогаш кога ке влезете во спалната. Добро би било сите украси да бидат во пар
- Креветот треба да е на дијагоналата кон вратата и да е залепен за ѕидот. Врз него не смее да паѓа сонце, но самата соба мора да е добро осветлена
- Десниот агол на собата е „зоната на љубовта и бракот” и таму вашите страсти се најдобро искористени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


