| четврток, 6 декември 2018 |

Европа го прогласи Даниел Кајмакоски за интернационален маж на мистеријата

daniel

Видеоспотот за евровизиската „Autumn Leaves“ на Даниел Кајмакоски ја остави Европа во прашалници. Голем број на интернет портали ширум континентот почнаа да се интересираат и да прашуваат што е тоа што тој го крие.

На промоцијата на видеоспотот, Кајмакоски објасни дека видеото со цртежите создадени токму од него, е тажна љубовна приказна од неговото детство, но дека приказната сепак не е завршена. Затоа тој побара помош од сите евровизиски фанови ширум Европа да му помогнат во одлуката што треба да му се случи на карактерот од спотот на крајот.

Ирски евровизиски сајт, нашиот Даниел го прогласи на интернационалниот маж на мистеријата, не само поради спотот на кој тој се појавува на неколку секунди на самиот крај, туку и поради „специјалното изненадување“ кое тој го подготвува за на сцената во Виена.

Тимот на Даниел чува се во најголема тајност се додека не започнат пробите во Виена, а дотогаш имаме за што и да размислуваме, пишува на сајтот eurovisionireland.net.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top