Колку знаете кога станува збор за „малите пливачи“?
Брза е и моќна од самиот почеток. Во првиот момент на ејакулација се „исфрла“ најголемиот број на сперматозоиди.
Може да опстане подолго отколку што мислите. Сперматозоидите во телото на жената опстануваат околку 48 часа по ејакулацијата. Но, некои сперматозоиди можат „да преживеат“ и до пет денови, во зависност од секретот на жената, објаснува др. Хари Фиш. Секретот кој се лачи во грличот на матката служи токму за да ги заштити сперматозоидите и да им овозможи да го дочекаат моментот на овулација.
Честиот секс или мастурбација нема да го намали бројот на сперматозоидите. Без грижи, мажите немаат ограничен број на „пливачи“ кажува др.Кери Вамбах од Репродуктивниот центар Лос Ангелес. Честата ејакулација може да го намали обемот на спермата, но ако мажот е здрав и има нормален број на сперматозоиди во ејакулат, тоа нема да влијае на плодноста.
Топлината може да го намали бројот на сперматозоидите. – Бројот на сперматозоиди во ејакулат е највисок во зимските месеци, а најнизок за време на летото. Доколку планирате да правите бебе, подобро би било мажот да ги избегнува топлите бањи- кажува др.Фиш.
Нема докази дека ананас го подобрува вкусот на спермата.
Алергија на сперма е многу ретка. Сите сме слушнале дека постојат жени кои се алергични на сперма, но др.Фиш зборува дека таа појава е многу, многу ретка. –Чувството на непријатност, пецкање или црвенило, откако мажот ќе ејакулира, кај жените е многу често предизвикано од некоја инфекција или од иритација на кожата, а не дека е алергија на сперма-.
Квалитетот на спермата зависи од годините и од здравствената состојба на мажот.
-Кај мажите помлади од 40 години, сперматозоидите се генерално поздрави. И ако планирате да имате дете во блиска иднина не би било лошо мажот да престане да пуши, да конзумира алкохол и намирници богати со заситени масти-, советува др.Вамбах.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.