| четврток, 6 декември 2018 |

Земји во кои ниту една жена не би требало да патува сама

large

Повеќето луѓе сакаат да патуваат и сметаат дека секое патување ги збогатува нивните животи и искуства. Меѓутоа доколку сте жена и планирате да патувате без закана, неколку дестинации би требало да заобиколите.

Сопственичката на портпаролот Меѓународен женски патнички центар, Џули Кројцер ги советува жените на кои места во светот мораат да бидат внимателни.

– Зачудена сум од информациите колку несигурни места за жените постојат на светот. Постојат и места во кои воопшто не може да влезе жена. Целосно ја поддржувам слободата на жените да патуваат, но мораме да се помириме со фактот дека тие не се добредојдени секаде, изјави Кројцер.

„Меил онлајн“ состави листа од овие земји, каде ако патуваат сами жените треба да бидат посебно внимателни.

Индија

Бандите често пати за свои жртви ги избираат локалните жени, но и туристките и бројот на случаи на силување е во постојан пораст. Според некои информации на секој 20 минути се пријавува нов случај на силување. Претходно овој месец јапонска студентка е дрогирана и силувана во северна Индија.

Бразил

Фасцинантните фотографии од карневалот во Рио де Женеиро само се маска за фактот дека Бразил е една од земјите во светот, во која стапката на насилство е исклучително висока. И тука случаите на силување се во постојан пораст. Пред две години американска туристка беше силувана од банда во јавен автобус, додека нејзиното момче било врзано со лисици и не можело да и помогне.

Турција

МаилОнлајн Травел наведува дека ова е убава земја, но оти има чуден однос кон жените. Исто така насилството врз жените е табу тема во оваа земја.

Тајланд 

Милиони туристи ја посетуваат оваа земја секоја година, но она што го шокираше светот минатата година е убиството на Британнците Дејвид Милер и Хан Витериџ, која била и силувана. Овој грозоморен настан се случил во септември минатата година.

Египет

По случувањата од 2011 година, оваа држава има нестабилна безбедносна ситуација и зголемен број на сексуални напади.

Колумбија

Туризмот во Колумбија е во процут изминатите години. Иако е побезбедна од пред десет години, сексуалното насилство врз жените и натаму е проширено, особено врз оние од руралните подрачја.

Јужноафриканска Република

Туризмот е во развој во овој дел на африканскиот континет, но оваа земја и натаму е една од најнесигурните во светот. Голем број случаи на силувања, грабежи и ранувања со огнено оружје во голема мера придонесуваат за тоа. Повеќе од 66 илјади случаи на сексуално насилство се пријавени во периодот од 2012 до 2013 година.

Мароко 

Правата на жените речиси и не постојат во оваа земја. Жените кои патуваат сами се советуваат да внимаваат на начинот на облекување, бидејќи жителите на Мароко се конзервативни и религиозни.

Мексико

Иако голем број познати личности, особено од САД, ја посетуваат оваа земја, стапката на насилство е висока. Пукотниците и силувањата во јавниот превоз се честа појава.

Кенија

Својот туризам оваа земја го изгради промовирајќи сафари паркови и живот во дивина. Според извештаите жените во градските и селските подрачја мошне често се изложени на насилство. Околу 32 отсто од девојчињата се жртви на сексуално насилство пред да станат возрасни. Чести се и киднапирањата на туристки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top