Ве боли главата, а немате таблета? Откријте ги петте начини како на природен пат да се решите од главоболката
ТОПЛА ВОДА СО ЛИМОН
Еден од наједноставните природни лекови е топла вода со лимон. Главоболката се намалува се секоја испиена голтка.
ЧАЈ ОД ЃУМБИР
Делотворен е и чајот од ѓумбир, кој делува антиинфламаторно и позитивно делува на циркулацијата
ЧАЈ ОД МЕНТА
Одлично делува и чајот од мента кој има смирувачки ефект и ја намалува главоболката, дури и оние силни главоболки, а покрај тоа позитивно делува и на варењето на храната, ги опушта нервите и мускулите.
СОК ОД ДОМАТИ
Сокот од домати е омилен утрински пијалок на сите оние кои претходната ноќ испиле некоја чашка повеќе, а се мамурни и незнаат како да се отарасат од досадната главоболка.
РИБИНО МАСЛО
Рибиното масло е богато со омега 3 киселини кои го намалуваат притисокот и ја намалуваат главоболката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.