Црвениот крст на Република Македонија вечерва во Македонскиот народен театар ја одбележа 70-годишнината од основањето и 20-годишнината од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвената полумесечина.
На свечената академија се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кому му беше врачен „Златен венец“ за неговиот личен придонес како хуманист.
Тој во своето обраќање истакна дека хуманоста не започнува кога за тоа ќе се создадат соодветни услови или кога приликите ќе го дозволат тоа, туку штом ќе се чуе дека некој има потреба од помош, независно од етничката, религиската, јазичната, социјалната или која било друга припадност.
– Хуманоста не се учи. Тоа е привилегија којашто Бог ни ја дарил, а од нас се бара да ја негуваме и да ја пренесуваме. Хуманоста не започнува со декларации, изјави и конвенции, туку со самопрегорот на мажите и жените подготвени да му помогнат на повредениот, на болниот, на гладниот, насекаде и во секое време. Вистинската добрина ги надминува сите поделби, ги брише сите разлики, ги замолкнува сите пакосни и лицемерни јазици. Вистинската добрина сплотува – потенцира Иванов.
Оцени дека Црвениот крст на Македонија положувајќи го тестот на хуманост и пожртвуваност, се стекнал со довербата на македонските граѓани и станал нивна продолжена рака на солидарноста.
– Оваа организација е секаде и секому достапна, изразена низ основните принципи на хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволност, единство и универзалност. Црвениот крст е секогаш подготвен да помогне реактивно, но и да соработува со другите општествени и институционални чинители кои треба да се подготвени да дејствуваат превентивно рече Иванов.
Заблагодарувајќи му се на Црвениот крст за секој хуман гест и секоја подарена капка крв, Иванов нагласи дека човечкиот живот е бесценет, а човечкото достоинство непроценливо.
– Затоа, на овој свет нема награда доволно голема за да го изрази вистинското значење на секој поединечен чин на хуманост. Колку и да се престижни, трите Нобелови награди за мир, многубројните национални и меѓународни признанија се само огледала што ја рефлектираат неискажливата благодарност на луѓето кон Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина – истакна Иванов.
Претседателот на Црвениот крст на Македонија Милчо Трајков посочи дека оваа организација е крстопат на младите и лицата од третото доба, место каде имаат можност да ја изразат својата хуманост и слидарност.
– Заедно градиме подобро и поинклузивно општество во кое ќе може полесно да се справиме со предизвиците на модерното време. Постојано се трудиме да ги инспирираме луѓето за вредностите на волонтирањето и ангажманот во Црвениот крст– рече Трајков, додавајќи дека се подготвени да се соочат со новите предизвици кои ги носи времето.
Црвениот крст на Македонија е основан на 17 март 1945 година по одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. Во текот на изминатите седум децении оваа организација многупати ја докажа својата хуманост и солидарност.
Зачетоците на Црвениот крст датираат од 1859 година кога Анри Динан по битката кај Солферино го организира локалното население да им помогне на ранетите. Денес ширум светот работат 189 национални друштва на Црвениот крст
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пријател на Јелена открива: И било страв од годишнината на бракот која доаѓала
-
Дарко Илиевски: Во животот се клекнува само еднаш, пред жената која ја сакаш
-
Изминаа 16 години од загинувањето на полицаецот Цоки Стојаноски во Тетово
-
Македонската пејачка прослави 5 години брак: Сум се вљубувала многу пати, но секогаш во тебе