Американски воени инструктори следниот месец ќе започнат со обука на припадници на Националната гарда на Украина, изјави денеска на прес-конференција во Вашингтон командантот на американските копнени сили во Европа, генерал-потполковник Бен Хоџес.
Генерал Хоџес истакна дека почетокот на обуката бил одложен со цел да се даде време и простор за спроведување на договорот од Минск за решавање на конфликтот во Украина.
– Предвидено е да бидат обучени „три баталјони на украинското Министерство за внатрешни работи“, кои Киев ги нарекува единици на Националната гарда – потврди Хоџес.
Подготовката на секој од баталјоните ќе трае осум месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.