| четврток, 6 декември 2018 |

Ринкевич: Најверојатно нема да има нови санкции кон Русија

санкции

На средбата на Европскиот совет што ќе се одржи во четврток, шефовите на држави или влади на членките на Унијата најверојатно нема да донесат одлука за воведување дополнителни санкции кон Русија поради кризата во Украина, соопшти денеска летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич, чија земја е актуелен преседавач со ЕУ.

Ринкевич по денешната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел изјави дека причина за ваквата оценка е фактот што договорот за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисити, постигнат во февруари во Минск, во основа се почитува.

– Не очекувам да има дискусија за нови санции, ниту какви и да било други одлуки – изјави Ринкевич, додавајќи дека главните делови од Договорот од Минск се почитуваат.

ЕУ досега воведе забрана за патување во Унијата и ги замрзна активите на 150 физички лица, меѓу кои и високи официјални руски претставници, и ги ограничи деловните врски со 37 правни субјекти, поради нивна вмешаност или поврзаност со конфликтот во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top