| четврток, 6 декември 2018 |

Запалени автомобилот и продавницата на заштитениот сведок за убиството во „Ораше“, ќе го заштити ли сега ЗНМ семејството на сведокот?!

orese_sudenjeЗапалена е селската продавницата и еден автомобил марка мерцедес во селото Ореше, сопственост на сопственикот Ѓоре Ѓурчиновски, кој е дедо на заштитениот сведок во случајот „платено убиство“. Инцидентот се случил на полноќ. Приведени се двајца. Неофицијално едниот од приведените е Ѓорѓе Петровски, нарачателот на убиството на Лазо Милошевски.

За случајот Ореше, Петровски е осуден на 13 години затвор, но, заедно со уште двајцата обвинети не се во притвор бидеќи одлежаа две години. Законски повеќе од ова не може да бидат во притвор, па до правосилност на пресудата осудените остануваат на слобода. Заради овој судски процес им се судеше и на судии, обвинител и новинар.

Kezarovski apelacija press (2) (Custom)

Ваквиот случај, коментираат извори од полицијата, само покажува зошто откривањето на заштитен сведок мора да биде санкционирано.

-Еве зошто му се судеше на новинарот Томислав Кежаровски. Му се судеше поради откривање на заштитениот сведок. Не беше приведен и немаше постапка против него поради неговите ставови, како што многумина умееа и милуваа да кажат. По откривањето на идентитетот на заштитениот сведок страда неговото семејство. Поради ова беше осуден новинарот. Сега е запалена приодавница и автомобил во Ореше, сопственост на дедото на заштитениот сведок чиј идентитет го откри Кежаровски. Тоа е цената на откривање на заштитен сведок, која може да биде и многу повисока. Не може да се зборува за политичко судење во случај кога се загрозува безбедноста на човек, кога се загрозува безбедноста на семејството на сведокот. Одговорноста за ваквата постапка е огромна, а тоа го покажува и последниот случај со нападот врз член од неговото семејство – коментираат аналитичарите.

Кој да го заштити сега семејството на заштитениот сведок чиј идентитет беше откриен. Дали сега ќе излезе ЗНМ да реагира за преминување на гарниците, да посочи до каде смее да се оди со објавување на податоци, имиња, судски и истражни постапки?! Каде се сега Тамара Чаусидис, Насер Селмани, Бранко Геровски, Борјан Јовановски, Сашо Ордановски, Мухамед Зекири, Ацо Кабранов, Зоран Димитровски да излезат да протестираат и да го заштитат семејството на сведокот чиј идентитет беше откриен, чиј живот беше загрозен?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top