| четврток, 6 декември 2018 |

Десет проблеми кои ќе ги решите подобро со банана отколку со апчиња

Одредени проблеми апчињата не ги решаваат толку добро колку природата. Бананите не се само вкусни, туку се и добри за нашето здравје, бидејќи содржат големи количини на витамини, протеини и други хранливи материи.

Неодамнешните истражувања покажаа дека бананите  исто така ја зголемуваат силата на телото и контролата на менструацијата, а овие 10 проблеми  ќе бидат подобро решени со помош на банана, отколку со апчиња:

  1. Банана е многу добар извор на енергија, бидејќи ни ја дава веднаш откако ќе ја изедеме, а тоа е причината зошто спортисти ги јадат.
  2. Банана е многу добра за намалување на стресот. Таа содржи амино киселини кои не прават мирни и среќни. Тука се и калциум и магнезиум, кои не штитат од депресија.
  3. Банана е така добра за срцето, бидејќи содржи високо ниво на калциум и многу малку сол, а со тоа помага при висок крвен притисок.
  4. Банана на ден ќе ја зголеми моќта на меморија.
  5. Таа е добра за анемични пациенти, бидејќи содржи многу железо, со што се зголемува нивото на хемоглобин во крвта.
  6. Банана, исто така, го регулира нивото на хормоните во телото.
  7. Таа им помага на бремени жени, бидејќи го одржува шеќерот во крвта и на тој начин ги намалува утринските тегобии.
  8. Поради висока хранлива вредност бананата ја контролира киселината во желудникот. Бананата, исто така создава посебна обвивка во стомакот, со што се намалуваат шансите за добивање на чирови.
  9. Таа има витамини, а шест од нив се во врска со одржувањето на нивото на гликоза во крвта.
  10. Поради големи количини на влакна, банана во утринските часови ќе ги спречи проблеми со запек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top