| четврток, 6 декември 2018 |

Сиа : Пред 4 години сакав да се самоубијам

сиа

Денес оваа музичаркае една од најзначајните имиња во поп-индустријата, но тоа не значи дека нема лузни од минатото кои не бледнеат ни денес.

Австралиската пејачката и кантавторка Сиа Фурлер (39) можеби не сака да го покажува своето лице во јавноста и во видеата на своите песни, но затоа пак нема проблем  да открива за интимните детали од своеото минато.

Таа во едно неодамнешно интервју открила дека планирала да изврши самоубиство откако нејзиното поранешно момче починало во сообраќајна несреќа. Така емотивно скршена и зависна од антидепресиви, кои ги користела да се избори со долгогодишната депресија, Сиа во септември 2010 година планирала да изнајми соба во некој евтин хотел и во неа да се предозира.

На нејзина среќа некој од пријателите ја повикал во вистинскиот момент и ја спречил во тој чин, по што пејачката се пријавила на програма за психичко закрепнување.

Меѓутоа нејзината зависност од таблети потекнува уште од нејзините детски денови и било дијагностицирано биполарно нарушување.

– Не мислам дека лошото детство е причина за биполарното нарушување во мојот случај. Се трудам да не ги обвинувам своите родители. Сепак мора да признаам дека пушев премногу марихуана кога бев дете. Мислам дека тоа ми го уништи мозокот – признала Сиа за време на гостувањето во емсиијата на Хауард Стерн.

Русокосата пејачка  додала дека во текот на нејзината американска турнеја понекогаш и било потребно малку алкохол за да ја совлада тремата и нервозата пред настапот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top