Тројца украински војници загинаа, а петмина се повредени во последните 24 часа во источна Украина, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко.
Во меѓувреме, проруските сепаратисти од така наречената Донецка народна република соопштија дека силите на Киев 19 пати го прекршиле примирјето во последното деноноќие. Тие тврдат дека цели на украинската армија биле селото Спартак и аеродромот во Донецк. Нема информации за настрадани цивили, но оштетени се домовите на цивилите.
Началникот на штабот на Народната милиција во Луганската народна република Сергеј Козлов ја обвини украинската армија дека не ги го почитува Договорот од Минск и не повлекла една петтина од тешкото оружје од линијата на фронтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


