| четврток, 6 декември 2018 |

Големи воени вежби во Русија

Три групи бродови од руската Северна флота утрово  впловија во Колски Залив за проверка на воената готвеност, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Едната група е составена од големиот брод за борба со подморници и два помали за поддршка на авијацијата на Северна флота, кои трагаат по наводни непријателски нуклеарни подморници во ренот на Баренцово Море.

Проверка на воената готовност денеска е извршена и на морската пешадија од составот на Северна флота.

Во воените вежби што почнаа вчера покрај припадници на Северна флота учествуваат и некои единици на Западниот воен округ и военовоздухопловните сили. Во воените вежби учествуваат 38.000 војници, 3.360 единици воена техника, 41 воени бродови, 15 подморници, како и 110 авиони и хеликоптери.

Воени единици на Балтичката флота, на Јужниот воен округ и на воздухопловнодесантните војски се во зголемена воена готовност во рамките на стратешко командно-штабната вежба, соопшти руското МО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top