Ако имате чувство дека сексуалниот живот ви е монотон, не грижете се.
Следниве работи можат да ја подобрат ситуацијата во вашиот кревет:
1. Сакајте си го телото. Неможете да избегате од сопствената кожа, па затоа е најдобро да се прифатите онакви какви што сте. Ако неколку пати не спомнете дека сте полничка и не ги наброите несовршеностите на вашето тело, вашиот партнер нема ни да ги забележи.
2. Терајте го да чека. Колку повеќе ќе чека, толку повеќе ќе ве посакува.
3. Дозволете му да ве гледа. Мажите се возбудуваат од изгледот на женското тело. Затоа, користете го она што го поседувате и направете специјална претстава за него.
4. Обрнете му внимание. Како жените, така и мажите имаат повеќе од една ерогена зона. Изненадете го и спобудалете го.
5. Кажете ги своите желби и потреби. Дајте му прецизни насоки, без да се срамите.
6. Охрабрете го дека токму тој знае и може да направи се што ќе посакате. Мислата дека неможе да ве задоволи,може да го обесхрабри и уплаши, па затоа не го дозволувајте тоа.
7. Направете го првиот чекор. Мажите често се жалат дека секогаш тие го прават првиот чекор. Затоа изненадете го партнерот и ќе добиете беспрекорно задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.