Во редовното издание на неделниот политички магазин „Концепт со Ина“, авторката и водител на емисијата Иванка Додовска разговараше со политичкиот аналитичар Александар Пандов за политичката криза во Република Македонија предизвикана од избивањето на шпионската афера „Пуч“.
Во емисијата се дискутираше и за политичката клима во опозицијата, при што Александар Пандов истакна: „Опозицијата на чело со Зоран Заев ги поништи сите досегашни сфаќања за значењето и водењето на една политичка битка, а истото го видовме со примената на нелегални и насилни методи со кои сериозно го загрози правниот поредок во државата“.
Во емисијата, исто така, беше анализиран политичкиот менаџмент на двете најголеми политички партии во Република Македонија, при што беше констатирано дека за разлика од актуелното раководство на СДСМ, кое се служи со негативна кампања и нема реален контакт со електоратот, ВМРО-ДПМНЕ предводено од премиерот Никола Груевски фокусот на своето внимание го има целосно посветено на спроведувањето на развојните проекти и визии за подигнување на животниот стандард и за поттикнување на благосостојбата на сите граѓани.
Од тие причини, според Пандов: „Евидентно е дека ваквиот начин на менаџирање со СДСМ нема да има долг век на траење и за истиот во наредниот период очекувам политичка разрешница во СДСМ“.
Целото видео погледнете го во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст