| четврток, 6 декември 2018 |

Облачен вторник, попладне со услови за слаб дожд

rana_prolet_2Вторник во однос на понеделник ќе биде малку пооблачен. Според „Метеопро“ утрото и претпладнето ќе бидат посончеви, а од пладне со прогресија од запад кон исток, облачноста ќе почне да се зголемува. Кон крајот на денот ќе има услови „да капне ситна капка“ дожд, локално во крајниот источен дел од земјата.
Максималната дневна температура по Повардарие ќе има вредност од 15 Целзиусови степени. Котлините во западниот регион очекуваат највисока температура од 12 Целзиусови степени, а на исток 13 Целзиусови степени.

Во скопската котлина утрото и претпладнето ќе бидат релативно пријатни и сончеви. Попладне и навечер ќе има тенденција на зголемување на облачноста. Максималната температура ќе има вредност 14 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top