| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една средба кај Иванов за настаните од 24 декември

Продолжуваат средбите кај претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој ги организира генералниот секретар на кабинетот на претседателот, а по повод настаните на 24 декември 2012 година кои се случија во Собранието на Македонија.  Денеска се одржале поединечни средби на Борис Јосифовски, генералниот секретар на кабинетот на претседателот Иванов и генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Кирил Божиновски и Андреј Петров. Единствена точка на дневен ред била името на петиот член, кој треба да биде и претседател на комисијата и треба да биде консензуално прифатен.
вила

Засега никој не излегува со предложените имиња за петиот член на комисијата. Консултациите продолжуваат, е единствената информација со која учесниците на овие состаноци одат во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top