| четврток, 6 декември 2018 |

Тајниот љубовен живот на Одри Хепберн

Одри Хепберн и Бил Холден заедно глумеле во романтичната комедија „Сабрина“ во 1954 година и таа лудо се вљубува во него. Нивната романса продолжила и во вистинскиот живот, а Одри знаела дека тој е љубовта на нејзиниот живот. Бил Холден бил оженет и ја повикал да се запознае со неговата жена Ардис која му родила три деца и која оддамна научила да мижи пред неговите афери се додека и се враќа навечер, но Одри чувствувала дека тоа што тие двајца го имаат е нешто поинакво.

odri hepbern i bil holden

Кога дошла Одри во хотелот да се види со своето момче, била видно возбудена, затоа што требало да ја запознае неговата сопруга. Кога тие две се запознале Ардис почувствувала нешто поинакво за разлика од претходните љубовници на нејзиниот сопруг.

Според новата книга која открива детали за нивната афера, Одри била најголемата ноќна мора за една жена, таа била убавица која убаво зборувала и потполно го магепсала нејзиниот сопруг.

На Ардис не и требало долго за да сфати, таа викала на својот сопруг и барала од него да престане да се гледа со неа, пишува авторот Едвард Епстајн.

odri hepbern

И покрај противењата од страна на мајка и Одри и Бил ја одржувале својата афера. Непосредно пред почетокот на снимањето на филмот Одри ја раскинала веридбата со Џејмс Хенсон. Холден отсекогаш сакал да ја запознае Одри, според зборовите на авторот. Таа сакала мажот да биде тој што ќе го направи првиот чекот, а Бил тоа и го сторил.

Нивниот однос брзо напредувал и сета хемија од екранот се преселила во нивниот живот. Одри во една прилика изјавила дека Холден е нејзниот „ангел чувар“, а тој неа „љубовта на својот живот“.

Тие двајца вешто успевале да ја кријат својата афера од таблоидите.

Додека се забавувале Одри често напоменувала дека сака да има три-четири деца и дека сака да се повлече од Холивуд за да ги израсне. По подолго време тој и признал дека децата се единствена работа која тие двајца не може да ја имаат, затоа што на барање на неговата жена тој извршил васектомија, на што Одри се шокирала. Не можела да поверува дека тоа не и го признал порано. Тогаш нивната врска почнала да се распаѓа, затоа што таа изгубила доверба во него.

Потоа во нејзниот живот повторно се појавил Мел Ферер. Тој се појавил во вистинскиот момент, затоа што тогаш и било потребно внимание. Мел имал четири деца од претходниот брај, но ја уверил Одри дека таа ќе биде фокус на неговиот живот.

Одри знаела дека во тој момент е ранлива, но сеедно рекла „да“ кога ја побарал за жена. Со него добила еден син. Без обзир на тоа што тој поради неа ја жртвувал својата кариера, нивниот брак сепак завршил поради тоа што бил премногу љубоморен на нејзиниот успех.

Бил Холден по некое време од прекинувањето на врската со Одри, се развел од Ардис, па се забавувал со француската актерка Капучине, но и нивната врска завршила поради неговите проблеми со алкохолот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top