| четврток, 6 декември 2018 |

Седум банални работи што не смеете да ги правите во Русија

На децата во Мадагаскар не им е дозволено да го изговараат името на својот татко и да споменат кој било дел од неговото тело. На Тајван, пак, е незамисливо да напишете порака со црвено пенкало.

Сите земји имаат работи што ги збунуваат странците, но само во Русија има толку богата листа на табу-теми. Врз основа на книгата на Ричард Луис, „Кога културите се судираат: водич низ културите“, следниот пат кога ќе ја посетите Русија имајте ги предвид овие седум работи:
1. Не се носи капут во затворен простор

Носењето капут во затворен простор се смета за лош манир. Дури и ако греењето не е пуштено, по влегувањето во просторија палтото веднаш се соблекува.

2. Рацете не се држат в џеб

Без разлика дали се шетате или стоите во место, не држете ги рацете во џебовите. Посебно, ако сте службено во Русија, рацете нека ви бидат на видно место и избегнувајте неуредност.

3. Без седење со раширени нозе

Покрај тоа, ни случајно не потпирајте го глуждот на коленото и никогаш не покажувајте го ѓонот на чевлите.

4. Не се свирка на улица

Оваа мерка е една од најлогичните, бидејќи свиркањето на улица или во затворен простор се смета за некултура и во повеќе земји.

5. Нема јадење на тревниците во парковите

Не е важно колку времето е сончево, нема да најдете некој што се решил за излет во парк.

6. Не прашувајте каде е тоалетот

Се смета за невоспитување ако ги прашате луѓето каде е тоалетот, особено некој од спротивниот пол.

7. Не  поздравувајте се на врата

Русите се познати како многу суеверни луѓе, па ракувањето на прагот на вратата се смета за несреќа. Значи поздравувањето се одложува додека не влезете или излезете од собата. Покрај тоа, непристојно е да се ракувате со жена, освен ако таа прва не подаде рака.

Извор: „Бизнис инсајдер“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top