Секој трет Германец на работа се чувствува преоптоварен, покажа една студија на фондацијата „Бертелсман“, според која четвртина од вработените се соочува со преголемо работно темпо, па така многумина го ставаат на коцка сопственото здравје.
Долгорочно тоа не може да се издржи, јавија медиумите според изјавите на вработените, од кои според студијата, 18 отсто од нив доаѓаат до граница на нивните можности, а 23 отсто во работата не прават пауза.
Секој осми Германец оди на работа дури и болен, при што расте опасноста и по здравјето на другите вработени, покажува студијата.
Околу 42 отсто од нив се жалат дека работното опкружување е во знак на растечките работни цели, а секој трет не знае како на тоа да одговори, јавија медиумите, наведувајќи дека веднаш штом се постигнат новите цели, тоа тогаш важи веднаш како нов стандард на работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.