Платите на професионалните спортисти достигнаа вртоглави висини во изминативе години, благодарение на медиумските компании кои трошат милијарди долари за телевизиските права. Парите стигнуваат и до спортистите, затоа што повеќето првенства подеднакво ги делат парите со нив, во согласно со нивните колективни договори.
Просечната плата во НБА минатата сезона била околу 5 милиони долари, а во професионалната безбол лига околу 3.8 милиони долари.
Спортистите обично не располагаат со многу време за да нaправат милиони, но одредена група супер ѕвезди, кои работеле на сопствената марка, додека сеуште се натпреварувале, продолжуваат да си ги добиваат чековите и откако се откажале од спортот. Лидерот на оваа група е глобалната икона, која го менува маркетингот кај спортистите во 80-тите и 90-тите години со помош на „Најк“.
Мајкл Џордан заработил 100 милиони долари во 2014 година или повеќе од кој и да било други активен спортист во светот. Марката „Џордан“, која е во сопственост на „Најк“, продолжува да покажува сериозни финансиски резултати. Продажбата на мало на патиките „Џордан“, минатата година во САД скоканала за 17 % односно 2,6 милијарди долари, според податоци на „SportScanInfo“. Парите кои Џордан ги добива од „Најк“, го сочинуваат поголемиот дел од неговите годишни приходи. Тој, сепак, сеуште има рекламни договори со Gatorade, Hanes, Upper Deck, 2K Sports и Five Star Fragrances.
Уделот на Џордан од 90% во кошаркарскиот тим Шарлот Хорнетс, кој се проценува на над 500 милиони долари, минатата година го направи милијардер.
Поранешниот капитен на англиската репрезентација Дејвид Бекам се рангираше на второто место со заработени 75 милиони долари за минатата година. По 20 годишна кариера како фудбалер, Бекам покажа најголеми финансиски приходи во првата целосна година, откако се откажа од спортот. Тој има бизнис партнерства со „Diageo“ и „Global Brands Group“, кои му обезбедиле над 20 милиони долари. Тој останува едно од водечките спортски рекламни лица во светот, со голем број на производи кои ги рекламира, вклучувајќи и четири во Кина.
Во втората годишна листа на „Форбс“ за најдобро платени спортисти кои се откажале, првите 12 луѓе во рангирањето заработиле по над 12 милиони долари и вкупно 389 милиони долари (минатата година само првите двајца заработиле 332 милиони долари). Оваа година тие се од шест различни земји и се занимавале со пет различни спортови. Нивната возраст се движи од 33 до 85 години.
При изготвувањето на рангирањето за 2014 година од „Форбс“ ги имале предвид платите, рекламни договори, лиценцни права, говори, учества, проектирање на терени за голф, пишување на книги и продукциски договори.Во приходите не се вклучени приходите од инвестиции.
Многу пред да се појави Леброн Џејмс, кралот во светот на спортот се нарекуваше Арнолд Палмер. Последната од негови 62 победи од PGA тура е во 1973 година, но во однос на финансиите најдобрата година на Палмер е 2014 година, со приходи од 42 милиони долари, што го рангира на третото место на листата на „Форбс“.
Скоро секој легендарниот спортист кој се повлекол, сака да го следи моделот „Арнолд Палмер“ со кој успешно си го лиценцираш името и потоа само си ги добиваш чековите, но многу малку од нив успеваат да го сторат тоа. И до денес Палмер останува финансиска сила, особено во Азија. Тој има 500 продавници, а во следните 18 месеци претстои отворање на 200 нови, благодарение на договорот со „Sanshu Sports“.
Продажбата на производи лиценцирани од Палмер се зголемила за близу 8% минатата година. Палмер се уште е легенда и во САД. Својата линија пијалоци „Arnold Palmer“ генерира речиси 25% од приходите на AriZona Beverage Co. Тој си останува сигурно рекламно лице, иако минатата година наполни 85 години. Во 2014 година „Ролекс“ го продолжи рекламниот договор со него за уште 10 година, а партнерството меѓу нив е еден од најдолгите во историјата и трае речиси 50 години.
Друга голф легенда Џек Никлаус е рангирана на четвртата позиција, со 28 милиони долари приход за минатата година. Главниот бизнис му е дизајнирање на игралишта за голф. Тој ја основал „Nicklaus Design“ пред речиси 45 години, а компанијата проектирала 390 голф игралишта и моментално работи на уште 50. Никлаус склучи партнерство со „Perry Ellis“ во 2013 година за линија облека со брендот „Nicklaus“, која се продава во JC Penny. Глобалната марка „Jack Nicklaus Apparel“ генерира 250 милиони долари од продажба годишно.
Најновиот потфат на Никлаус е партнерството за сладолед со „Schwan Food“. Сладолед со седум вкусови со марката „Nickalus“ од овој месец ќе се продава во синџирите Winn-Dixie, Bi-Lo и Kroger.
Други голфери кои спаѓаат во оваа листа се Гери Плеер со 21 милиони долари и Грег Норман со 16 милиони долари приход. 
Малкумина се спортистите во последните години, кои успеваат подобро да го направат преминот од спортист до популарна личност од поранешниот тркач во американски фудбал Мајкл Страхан. Поранешниот дефанзивец на Њујорк Џајентс станува миленик на медиумите откако пред седум години ги закачува чевлите. Тој заработил 14 милиони долари минатата година, што му го обезбедува 11-то место во рангирањето. Страхан во моментов е телевизиски водител, како и аналитичар на натпревари во американски фудбал. Минатата година беше многу важна за Страхан, бидејќи тој беше примен во Холот на славните и влезе во тимот на утринскиот блок на ABC. И двете работи значително му ги зголемија приходите. Покрај сето ова тој е и рекламно лице на Dr. Pepper, Sports Authority, Vaseline, Subway, Pizza Hut, Snickers и Procter & Gamble.
Петтото место во овогодинешното рангирање е за Џери Ричарсон, поранешен натпреварувач во американски фудбал, кој престанува со спортот во 1960 година. Потоа Ричардсон успева да заработи богатсво од ресторани и станува сопственик на тим од НФЛ. Денес тој има 78 година, а во 2014 година заработил 23 милиони долари.
Понатаму во рангирањето следуваат:
Шекил О’Нил (42 г.) – Приход за 2014 г .од 21 милиони долари. Се откажал во 2011 година.
Гери Плеер (77 г.) – Приходи за 2014 г .од 21 милиони долари. Се откажал во 2009 година.
Меџик Џонсон – (55 г.) Приходи за 2014 г .од 20 милиони долари. Се откажал во 1996 година.
Пеле (74 г.) – Приходи за 2014 г .од 16 милиони долари. Се откажал во 1977 година.
Грег Норман (60 г.) – Приходи за 2014 г .од 16 милиони долари. Се откажалл 2012 година.
Мајкл Страхан – Приходи за 2014 г .од 14 милиони долари. Се откажал во 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









