Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска повторно ги повика државите од ОН да не го признаваат присвојувањето на Крим и Севастопол кон Руската федерација.
Изјавата на Могерини е по повод годишнината од референдумот, со кој дојде до отцепување на Крим и Севастопол од Украина.
-ЕУ е целосно решена за спроведување на политика на непризнавање, вклучително со примена на рестриктивни мерки. ЕУ ги повикува државите од ОН да размислат слични мерки на непризнавање, согласно резолуцијата 68/262 од Генералното собрание на ОН – се наведува во декларацијата на Могерини.
-ЕУ не го признава и продолжува да го осудува приклучувањето на Крим и Севастопол кон Русија, што е кршење на меѓународното право. Незаконско присвојување од Русија е директна закана за меѓународната безбедност, со сериозно влијание врз меѓународното право, што го гарантира суверенитетот и единството на сите држави – изјави Могерини.
Могерини повика за обезбедување на целосен, слободен и безусловен пристап за преставниците на органите за заштита секаде во Украина, вклучително во Крим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции
-
Могерини: Двете страни не направија горди, нас, Европејците со вин-вин изборот