| четврток, 6 декември 2018 |

Ангелов со директен притисок и закана врз уредниците и менаџментот на МРТВ

stojance angelovСтојанче Ангелов од „Достоинство“ најави дека ќе влета во МТВ доколку не му ги исполни барањата. Ќе влегол во студиото за време на вести, ненасилно. Како изгледа упад во студио, а тоа да не е насилно, е прашање на кое веројатно нема одговор.

Ангелов на „Фејсбук“ напиша:

УТРЕ, 12.00 ЧАСОТ, МРТВ
Утре во 12.00 часот ќе направам обид за средба со главниот и одговорен уредник на МРТВ Горан Петрески. Доколку ме прими и доколку позитивно одговори на нашите барања, ќе ги прекинеме нашите натамошни протести пред МРТВ. Доколку не ме прими или доколку ме прими, но не вети исполнување на нашите барања, до јавното обвинителство ќе поднесеме кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, предвидено и казниво по чл.353 од КЗ на РМ и кривично дело повреда на рамноправноста на граѓаните, предвидено и казниво по член 137 став 2 од КЗ на РМ.
ДОКОЛКУ НЕ ИЗЛЕЗЕ ВО ПРЕСРЕТ НА НАШИТЕ БАРАЊА УТРЕВЕЧЕР ВО 19.00 ЧАСОТ НЕНАСИЛНО ЌЕ ВЛЕЗАМ ВО СТУДИОТО НА МРТВ ОД КОЕ СЕ ЕМИТУВААТ ЦЕНТРАЛНИТЕ ВЕСТИ!
ВЕ ОЧЕКУВАМ ВО 19.00 ЧАСОТ! ДОЈДЕТЕ ДА МИ ПОМОГНЕТЕ НЕНАСИЛНО ДА ВЛЕЗАМ ВО БАСТИОНОТ НА РЕЖИМОТ!

brif

Ангелов врши директен притисок врз јавниот сервис, менаџментот и уредниците. Тој се заканува на националната куќа. Проопозициските медиуми финансирани од СОРОС ја промовираат и поддржуваат неговата намера да влета во студио, како и неговиот повик за помош за „ненасилно“ влегување. Проопозиционите медиуми, кои го нарекуваа истиот тој Ангелов „животинското царство“ пишуваат дека Ангелов утре ќе ја освојува „тврдината“ . А како поинаку се освојува тврдина, освен насилно?

– За утре во 19 часот, Ангелов најави влез на граѓаните во телевизијата која претворена во тврдина на режимот, со цел да допре вистината до гледачите и македонската јавност – напишаа тие.

Повикот на граѓани за „освојување на тврдина“ не е ништо друго освен директен притисок врз медиумот, закана за новинарите, уредниците и менаџментот.

libertas

Актерот Тони Михајловски неодамна му се обрати на Ангелов дека застанува на страната на тие што донесоа странци да пукаат врз тебе и врз твоите соборци и браќа

– Ти, ти застана пред тие што те турнаа во војна. Застана во одбрана на тие што донесоа странци да пукаат врз тебе и врз твоите соборци и браќа. Ги браниш тие што ни го расселија народот, тие што им дозволија на други тебе да те наполнат со олово. Ги правиш луѓе тие што те направија „Генерал на мртвата војска“. Се бориш за победа на тие што ти ја одзедоа заслужената победа и ти понудија замена за неа. За нив беше само дел од „животинското царство“. И сега си исто верувај ми. Сега „тие“ ти викаат „генерале“ а знаеш добро дека тоа за „нив“ никогаш не си бил – вели актерот Тони Михајловски во пораката до Стојанче Ангелов упатена преку неговиот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top