По неколку години пауза, атрактивната водителка Хелена Роза со провокативна фотосесија се враќа во шоубизнисот. Таа во сексапилно издание му позираше на младиот фотограф Стефан Соколовски, а за нејзиниот изглед беше задолжен стилистот Зоки Давитковски.
Роза засега не открива која е целта на нејзината провокативна фотосесија, но најави пријатно изненадување за обожавателите.
– Публиката и обожавателите ќе бидат пријатно изненадени од мојот нов проект. Со години сум во шоубизнисот, па очекувајте нешто многу силно – вели Хелена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.