По Сараево и Тирана, во рамки на „Културните уметнички дијалози Турција – Балкански Полуостров“ конечно и во Скопје е претставена изложбата Збирка фотографии за Босфор од средината на 19 век до 20 век наречена „Од Константинопол до Истанбул“. Изложбата органиизирана во рамки на проектот „Меѓукултурен уметнички дијалог Турција – Балкански Полуостров“ во соработка со музејот „Пера“ на Фондацијата на Суна и Инан Крач, Истанбулското здружение за меѓукултурна уметничка соработка ИКАДС и Институтот „Јунус Емре“ е поддржана од Националната Комисија на УНЕСКО на Турција.
Изложбата „Од Константинопол до Истанбул“ – од средината на 19 век до 20 век го претставува некогашниот Истанбул со грандиозните објекти, секојдневниот живот и интересните личности.
Изложбата ќе може да се посети во периодот од 15 до 30 март во Националната галерија на Македонија во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.