Цртаниот филм за баксузниот којот и за брзата птица итрица со децении е омилен кај децата, но и возрасните обожаваат да го гледаат.
Но сигурно и вие некогаш сте се прашале зошто кутриот којот никако не успева да ја фати брзата птица итрица?
Чак Џонс, авторот на мегапопуларниот цртан филм напишал девет златни правила според кои режисерот Амос Поснер морал да се води.
Поснер неодамна на својот профил на „Твитер“ ги објави овие правила, па сега обожавателите може да разберат зошто напатениот и измачен којот никогаш не успеал, а нема ни да успее,да ја фати неговата жртва.
1. Брзата птица итрица на никој начин не смее да го вознемирува којотот, овен со „бип-бип“.
2. Ниедна друга надворешна сила не може да му наштети на којотот, освен стапиците што си ги прави сам со производите на „Акме корпорејшн“ (Acme Corporation), фиктивна компанија за неквалитетни производи.
3. Којотот може да застане во кое било време, да не би бил фанатик, кој кога нешто не му успева двојно повеќе се труди.
4. Нема никаков дијалог меѓу којотот и брзата птица, освен „бип-бип“.
5. Брзата птица мора да остане на патот.
6. Сите акции мора да соодветствуваат со природната околина на двата карактера во југозападната американска пустина.
7. Сите материјали, алати, оружје или механика мора да бидат од „Акме корпорејшн“.
8. Секогаш кога има можност, гравитацијата нека биде најголем непријател на којотот.
9. Којотот секогаш е повеќе понижен, отколку повреден од своите стапици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст