Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск нема да учествува во прославата организирана во Москва по повод 70-годишнината од Победата во Европа, јави ТАСС.
– Добив покана. Нема да заминам – изјави Туск во денеска објавено интервју за полскиот весник „Газета виброча“.
Да присуствувам на воена парада, застанат до сегашните агресори и луѓе, што користат оружје против цивили во Источна Украина? Од моја страна, благо речено, тоа би било многу двосмислено – истакна претседателот на Европскиот совет.
Туск тоа го изјави во големо интервју, дадено за шест европски весници, полскиот „Газета виборча“, францускиот „Фигаро“, британскиот „Гардијан“, шпанскиот „Паис“, италијанскиот „Стампа“ и германскиот „Зидојче цајтунг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.