Иако како бомба одекна веста дека Тамара и Александар ја раскинале свршувачката и секој си продолжил по својот пат, сепак ќе има свадба!
Некој лошо го протолкувал моментот кога Тамара одела по пролетната гардероба кај мајка си, тврди Александар Димитровски – Мачка, свршеникот на пејачката, и вели дека ниту се разделиле ниту имале проблеми во врската, пишува „Убавина и здравје“.
-Што има лошо во тоа што Тамара Тодевска ја менува својата гардероба од зимска во пролетна?! Се фатија за куферот, па зар алиштата во кеси да ги носи – вели Мачка и додава дека меѓу нив сѐ е во ред и периодов се фокусирани на свадбата, која е закажана на 28 јуни.
– Сите нека го запаметат датумот 28 јуни и дотогаш нека не се занимаваат со нас, здодевни сме, кај нас ништо не се случува, освен што ние, како и секоја нормална двојка, се подготвуваме за свадба. Ако немаат попаметна работа ете нека се „заморуваат“ со бомбите“ – вели Мачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.