Илјадници парови со репродуктивни проблеми, би можеле да ги остварат своите соништа да имаат дете, благодарение на нов тест, кој ќе го поврзе ин витро третманот, со индивидуален тест за плодноста на жената.
Третманот за вештачко оплодување ќе биде во согласност со индивидуалниот циклус на плодноста на жената.
За првпат научниците веруваат дека се во состојба да се идентификуваат вистински момент од циклусот на жената, кога ин витро оплодувањето има најголема шанса.
Повторни обиди за лекување на неплодност, можат да нанесат емоционални и финансиски кризи кај двојките. Секоја година во Велика Британија се прават над 60 000 ин витро постапки, но само 24% завршуваат со успешна бременост и раѓање.
Во САД во 2013 година, се направени 175 000 ин витро постапки. Успешност варира помеѓу 16 и 47 % во зависност од возраста на жената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.