Премиерот Никола Груевски на денешната трибина во „Борис Трајковски“, на која се собраа над 50.000 граѓани, симпатизери, подржувачи и членови на СДСМ, даде одговор на условувањата што лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ги упати од универзалната сала до Владата и до владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
– Заев бара нов обвинител. За нас важно е обвинителот да се однесува по словото на законот. Јас сум убеден дека сегашниот обвинител го прави тоа. Инаку, такви докази има против лицето З.З., што и Вице, брат му да е обвинител ќе му биде непријатно кога ќе ги види доказите. Од друга страна, ние сме подготвени за сите работи за кои постојат сомневања, а се однесуваат на наши членови или раководни лица, да бидеме максимално кооперативни и да го почитуваме законот. Времето ќе искристализира многу работи, ќе падне маглата посејана од лажните обвинувања, од драматуршките воведи на прес-конференциите и од настаните на опозицијата, кои даваат контекст на случувањата, ќе паднат пердувите и ќе се види целата вистина. Ние тоа го сакаме. Времето е одговор на сѐ. Во тоа сум убеден – рече премиерот Никола Греуевски одговарајќи на барањето на Заев за нов обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст