| четврток, 6 декември 2018 |

Нема казни за професорите од екстерното, СОНК и владата се договорија

sonk ministerstvoВладата и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) постигнаа договор со кој се предвидува подобрување на процесот на екстерното тестирање и е во насока на зголемување на компетитивноста и подобрување на образовниот процес. Исто така, договорено е и да се формира систем на награди за успешните професори.

Договорот нуди подобрени решенија во насока на валоризирање на трудот на наставниот кадар и нивно стимулирање за постигнување на подобри резултати. Истиот следи по континуиран процес на преговарања меѓу Владата и репрезентативниот синдикат СОНК.

Според информациите, од СОНК и Владата се задоволни од постигнатото решение кое е во интерес на самите ученици и наставници. Дополнително, Владата и СОНК продолжуваат со заедничкиот дијалог за подобрување на условите за работа и излегување во пресрет на реалните потреби во образованието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top