| четврток, 6 декември 2018 |

Најавените шест фабрики значат нови 4.500 директни вработувања

Tribina na Vmro vo sala Boris (19)Премиерот Никола Груевски најави дека се очекуваат уште 25 нови странски инвестиции за годинава, со што ќе се отворат над 13 илјади работни места. Од денешната партиска трибина објави и шест нови странски инвестиции, во кои ќе се вработат 4.500 луѓе. Така ние се бориме за Македонија, порача премиерот Груевски на денешниот собир во СРЦ „Борис Трајковски“.

-Во периодот од 2006 година досега стапката на невработеност, која ја затекнавме во висина од околу 38 проценти, е намалена на 27,6 проценти. Во истиот период се отворени повеќе од 138.000 работни места, во странските и во домашните капацитети, во приватниот и во јавниот сектор, и преку активните мерки за вработување. Во едно многу тешко време на глоблни и европски економски кризи. Значи се очекува во веќе најавените, а сè уште неотворени странски инвестиции да бидат отворени нови повеќе од 13.000 директни  работни места, а со оперативниот план за активни мерки за вработување за 2015 година се предвидува поддршка на отворање на 8.500 работни места- посочи премиерот.

Tribina na Vmro vo sala Boris (29)-Покрај тие што веќе објавија, има голем број кои не се објавени, а со кои сме во финална фаза на договор или веќе неофицијално ни потврдиле дека донеле конечна одлука за градба на нови фабрики во Македонија. Сакам да ве информирам со големо задоволство и да објавам официјално дека една таква е една американска инвестиција од автомобилската индустрија во висина од 15 милиони евра инвестиција која планира да се стационира во Тетово и да вработи, внимавајте – 2.500 луѓе од тој регион.

Или една друга која веќе неформално ни потврди инвестиција во Василево,  за  производство на матерјали кои се користат во рударство и градежништво. Во Велес, ќе следи уште една инвестиција со 1.000 вработувања на која долго работевме, а за која веќе една домашна банка склучи договор за продажба на халите на поранешната Порцеланка.

Да објавам уште една нова инвестиција која де извести дека донеле веќе одлука за инвестирање во Прилеп, германска компанија, во делот на автомобилска индустрија, висока технологија, 250 вработувања главно високо образовани кадри, пред се инжињери и менаџери кои ке ги пушти на тренинг во Германија.

Tribina na Vmro vo sala Boris (5)И ајде и уште една за денеска шестта нова инвестиција ќе најавам која е сигурна бидејќи компанијата иако сеуште официјално не објавила, веќе има регистрирано фирма во Скопје, отворено канцеларија и првите административни вработувања се реализирани. Се работи за германска компанија, потврдија градба на фабрика во зоната во Скопје за производство на електрични уреди, инвестиција вредна 30 милиони евра, 500 нови вработувања.

Само овие 6 новонајавни фабрики денес значат нови 4.500 директни вработувања, плус многу индиректни- порача премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ од денешната трибина во спортската сала Борис Трајковски во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top