| четврток, 6 декември 2018 |

Амбициите на Русија во Централна Европа ги надминуваат нејзините можности

Ukraine-EU-Russia

Во последните неколку години, Русија активно работи за да ги зголеми средствата за свое влијание во Централна Европа, а кризата во Украина само ги засили интересите на Кремљ кон регионот. Целта на Москва е да ги искористи своите трговски и политички врски за да ги поткопува западните институции и да ја насочува Централна Европа во правец кој е погоден на руските интереси. Од почетокот на криџзата во Украина, Русија го засили своето внимание кон неколку држави во тој регион – имено кон Унгарија, Словачка и Чешка, кои се мачат да балансираат помеѓу неа и Западот. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, планира во текот на април да ја посети Словачка, а претседателот Владимир Путин веќе беше во Унгарија во средината на февруари. Освен тоа, Кремљ ги зацврсти своите врски со чешкиот претседател Милош Земан. Но геополитичките и економските ограничености на Русија се посилни од нејзиите амбиции во регионот.

Централна Европа е стратешки важна за Русија заради нејзиното географска местоположба на источната периферија на Европската унија и НАТО. Некои централноевропски држави, вклучително и Унгарија, Словачка и Чешка, се наоѓаат во гранични земји за чија контрола во минатото спореле силите како Хабсбуршката и Отоманската империја.

Местоположбата на тие централноевропски држави е фактор кои ги условува поинаку нивните односи во споредба со државите од руската периферија, и тие се пооотворени кон можноста за потесни односи со Русија. За разлика од нив, Полска – заради својата географска блискост со Русија, повторувани (руски) инвазии кои ги преживеала во својата историја, и нејзината местоположба во средноевропската рамнина – со поголема желба гледа кон запад и е поколеблива во градењето на политички и трговски односи со Москва. Романија – која излегува на Црното Море и граничи со поранешната советска република Молдавија, каде има подржан од Русија сепаратистички реон, е гранична држава која од историска гледна точка отсекогаш баланисирала помеѓу Русија и Западот. Но сега заради геополитичките предизвици и заканите од руското влијание, таа го смени курсот на прозападен, градејќи силни односи со западните институции на политички и одбранбен план. Инаку, во централна Европа има и држави кои се географски поодалечени од Русија и зоните на нејзиниот стратешки интерес за својата војска, како на пример Црното Море. И затоа се исправени пред помалку закани од Москва во сферата на безбедноста, и тие се во состојба подобро да баланисраат меѓу Русија и Западот.

Пред да ескалира кризата во Украина, Москва во полна мера користеше од финаисиската криза во ЕУ, за да го зголеми своето трговско присуство во Централна Европа, засилувајќи ги на тој начин своите лостови за влијание во регионот. Во 2012 година, руската Сбербанка ја рашири својата дејност во Европа откако отвори филијали и дополнителни активи со Фолксбанк интернешенел. Како резултат на тоа, во 2013 година Сбербанка располагаше со пазарен удел во вредност од 1,9 проценти во Чешка, и 2,9 проценти во Словачка. Русија исто така го заоструваше склучвањето на стратешки зделки во нуклеарниот сектор, а во таа смисла и со договорот меѓу руската Росатом и Унгарија, енергетската компанија ТВЕЛ, и продолжува да ги снабдува со атомско гориво трите засегнати држави.

Напорите на Русија да го зголеми своето влијание во регионот ја опфаќаат и сферата на разузнавањето. Се смета дека Москва со години наред ги користи своите можности во таа област за да си ги засили своите позиции во реонот. Во октомрви 2014 година, чешката Служба за информации и безбедност соопшти дека имало „исклучително многу“ разузнавачи кои работеле под закрила на руската дипломатска мисија во текот на 2013 година. Истовремено, Русија ги поткрепува крајнодесните организации во централна Европа, како што го правеше тоа и во други држави. Во мај 2014 година, унгарското обвинителство побара од Европскиот парламент да му го одземе имунитетот на Бела Ковач – европски депутат од крајнодесната партија Јобик, за кого се откри дека работи за Русија. Има и непотврдени информации дека се засилила дејноста на странски разузнавачи во Унгарија.

Кризата во Украина ја натера Русија да вложи повеќе напори во своето проширување на вниманието во регионот. Но некои од околните држави, како на пример Романија и Полска, настојуваат за поголемо присуство на НАТО во источната периферија на алијансата, Москва цели да си гарантира дека држави како Унгарија, Словачка и Чешка нема да ги поддржат полските и романските иницијативи, ниту пак ќе дозволат да се засилуѕва присуството на Севернотланската алијанса на нивна територија. Освен тоа, Кремљ работеше на зацвртсување на влијанието во регионот и за усмерување централноевропските држави од ЕУ за да се спротивстават на режимот на санкции против Русија. Што се однсеува до Словачка и Унгарија, Кремљ врши притисок на дветержави – иако на ен степен, а ги ограничат реверсните доставки на гас кон Украина. Русија знае дека централноевропските држави се второстепени играчи во ЕУ и не се доволно силни за самите да се спротивстават на санкциите против неа, но Кремљ се надева дека овие држави, а и други како на пример Грција и Кипар, да помогнат во забавувањето или омекнувањето на следните планирани мерки, кога месецов ќе истече рокот за сегашните санкции.

Инаку се зголемуваат факторите кои ја ограничуваат Русија. Финансиската криза до некаде придонесе за решението на Кремљ да ја замрзне работата на проектот Јужен поток. Тој служеше како сериозенн лост за влијание на Русија и централноевропските држави кои од своја страна очекуваат инвестиции и развој како резултат на изградбата на гасоводот. Иако има планови новиот цевковод кој што беше предложен – Турски поток, да стигне до централна Европа, финаисирањето на тој проект може да се покаже ограничено.

Финансиските проблеми на Русија го засегаат и банкарскиот сектор. Според проценките на Стандард енд Пурс, руските банки можеби ќе имаат потреба од 41 милјарди долари оваа година за покривање на лошите кредити. На крајот на февруари се појавија информации дека Сбербанк може да си ги продаде филијалите во Словачка и Унгарија. Рубљата загуби 40 проценти од својата вредност само во 2014 година, а ако руската национална валута остане слаба подолг период, тоа веројатно негативно ќе влијае и на рускиот увоз од централна Европа. Затоа руската влада се фокусира на внатрешните расходи. Иако дел од финаисирањето оди за поддршка на главните геополитички цели на Москва, посебно за Украина, трошоците во други области можат да бидат намалени.

Русија одамна се стреми да го засили своето влијание во Централна Европа, а кризата во Украина е уште поголем стимул за Кремљ да обрне внимание на тој регион. Во минатото, посетите од Кремљ на високо ниво таму беа реткост. Посетата на Путин на Унгарија и планираната посета на Лавров на Словачка, покажуваат дека Кремљ ја додава Централна Европа на листата на свои приоритети. Соопштенијата за засилена разузнавачка дејност се сигнал дека разбирањето и потврдувањето на влијание врз случувањата таму се дел од руската стратегија. Иако во регион каде државите постојано балансираат помеѓу Русија и Западот, новите ограничувања кои произлегоа од руската финансиска криза и геополитичките предизвици ќе ја намалат способноста на Кремљ да ги реализира своите амбиции во Централна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top