Лаура Меј Мекмјулан поминала долги години под лежалки за кварцање и сончајќи се по плажи на одморите. Потоа добила рак на кожата и сфатила дека нејзината желба да биде исончана и го довела животот во опасност.
Бев зависник од сончање.
Најважно ми беше да бидам поцрнета. Ако не бев исончана, тогаш не си личев на себе. Глупаво, знам, но токму така се чувствував.
Кога бев исончана, се чуствува подобро. Кажував дека за мене тоа е како „тоник“ – ме правеше посигурна и поздрава.
Во реалноста, мојата претерана желба да бидам со темен тен не можеше да биде понездрава.
Не знам од каде ми дојде таа желба – во текот на школувањето постојано бев бледа. Немав никаква зависност. Мислев дека лежалките за сончање имаат „моќ“ да направат да се чувствувате добро. И знам дека серотинот – „хормонот на среќата – може да биде ослободен кога вашето тело е изложено на сонце.
Но, од 16 годишна возраст почнав да се кварцам. Прво еднаш неделно, потоа два пати, а потоа дојдов до точка да одам секој ден. Признавам дека станав зависна.
Моите родители се трудеа да ми објаснат дека ја оштетувам кожата, но никогаш не размислував за последиците. Се кварцав околу 10 години и одев во разни салони, но лежалки изнајмував и за дома.
Тоа беше моја одлука и не обвинувам никого за тоа што ми се случи. Но никогаш не добив „информиран“ избор. За тие 10 години, вработените во ниту еден салон не ми дадоа никаков совет за мојата кожа или за безбедното ниво на изложеност на УВ зраци, и немаше истакнато никакви предупредувања.
Но повеќето мои пријатели можеа да ја видат штетата од тоа што го правам и мнозина од нив се обидуваа да ме предупредат. Всушност, бев предмет на потсмев за сите мои пријатели во канцеларијата, секогаш кога одев на одмор.
– Каква боја сега ќе си избереш? Мојот одговор секогаш беше „махагони“.
Се чувствував како облак слободно лебди – можев да се соочам со се, духот ми беше на највисоко ниво и самата се чуствував одлично. За сето тоа време очигледно добивав се подлабок тен – и се навикна да се гледам кафена, и повеќе не изгледав бледа.
Помеѓу користењето лежалки за кварцање и шест недели на одмор, се изложував во опасност.
Всушност, престанав со лежалките пред 12 години. Гледав како брчките се намножуваат. Ниту еднаш не ми текна дека може да добијам рак на кожата, а уште помалку за оној од фатален вид, малигна меланома.
Тоа беше најтешкото време во мојот живот, но благодарна сум што преживеав и сега се обидувам да ги предупредам другите.
Мојот живот засекогаш се промени кога на 5 февруари 2014 година ја слушнав веста за ракот. Бев со мојот вереник на двенеделен одмор во Фуертевентура, и штотуку си седнав на балконот од хотелот со ладна пијачка по прекрасниот ден поминат на сонце.
Примив порака од дерматологот кој ми направи аутопсија еден месец претходно, заради мала црвена дамка на задната страна од ногата.
Повеќе од шест месеци преходно во јуни 2013 година, открив мала црвена дамка и си помислив дека ме каснал инсект. Не крвареше, ниту болеше, беше само нешто ново кое се појавило. Мојот лекар и дерматологот мислеа дека е нешто каснато од инсект кое се инфицирало и ниту малку не бев загрижена.
Но, се сеќавам дека стоев во собата во летувалиштето и ги слушав зборовите на дерматологот: „Жалам што морам да ти кажам дека е тоа меланом“. Не знаев што точно значи тоа, но почувствував мачнина во стомакот.
Бев потресена, но секогаш длабокот сум позитивна и верував дека се ќе биде во ред. Бев во рацете на најдобрите светски консултанти за меланом – и знаев дека ќе добијам најдобра можна грижа од мојот консултант, Г-дин Удит и неговиот тим во Болницата Кристи во Манчестер.
На крајот на февруари минатата година, ми направија голем засек зад ногата и се согласив да ми направат „биопсија на лимфен јазол“. Меланомот се проширил. Морав да ги извадам сите лимфни јазли од десната нога, и дозволив да извадат некои од карлицата со помош на лапараскопија.
На 4 јуни, една недела по големата операција, ми рекоа дека немам повеќе меланом. Го гушнав консултантот и поверував дека е готово – ќе можам да продложам со животот. Требаше да скокам од радост, но одеднаш нешто во мене се прекрши и почнав да се грижам што друго се случува во моето тело.
Секој кој имал дијагноза за рак знае дека тој не напаѓа само одделни делови од телото, туку влијае и врз секое делче од вашиот живот и врз вашите најблиски. Ја загубив сета самодоверба. Не сакав ниту минута да останам сама. Понекогаш не можев ниту нормално да одам, не можев ниту во бања да одам. Не можев ни да возам и неколку недели имав дрен закачен за ногата и морав секој ден да си ставам инекции за да спречам згрутчувања во крвта.
Уште полоши беа размислувањата за иднината – како мојот веренк и мајка ми ќе се справат без мене? Дали ќе бидам жива за шест месеци за мојот роденден? Дали ќе го доживеам Божик? Сите овие грозни мисли ме одвлекуваа надолу. Со месеци не купував никаква нова гардероба.
Како врв на емоционалните ефекти, лекарите ми оставија лимфедема во ногата. Се собираше течност заради отстранетите лимфни јазли на препоните. Сепак ќе можам да живеам со здебелена нога! Морав ногата да ја масирам два пати дневно, да носам компресивни завои и да избегнувам било какви каснувања од инсекти и гребнатинки од животни. Не можев ниту нозете да си ги бричам.
Не му посакувам никому да мине низ сите болки кои јас ги доживеав, со грижите и траумите кои моето семејство и јас ги издржавме – само затоа што сакав да имам темен тен.
Дефинитивно мислам дека луѓето денес се посвесни за опасноста од сончањето, но сепак мислам дека мнозинството си мислат „тоа нема мене да ми се случи“. Сеупте постојат околу три илјади салони за сончање низ цела Велика Британија, а само 20 проценти од нив се регулирани од Асоцијацијата за лежалки за сончање (ТСА), од каде потсетуваат за ограничено временско изложување на УВ зраци. Но кој ги регулира останатите 80 проценти?
Темниот тен не вреди, посебно ако како јас имате бела кожа и сте склони на изгореници. Додека го правевме документарецот за Би-Би-Си за моето животно искуство, успеав да убедам една млада жена по име Џеси да се откаже од кварцање.
Џес беше иста како и јас, кога беше исончана се чувствуваше убаво и никогаш не размилсувала за последиците. На 19 години, Џес веќе четири години користела лежалки за сончање, три пати неделно, и тоа бесплатно затоа што работела во салон за кварцање.
Кога ја открив малата црвена дамка на задниот дел од ногата, тоа беше три месеци пред да одам кај мојот матичен лекар. Се смрзнувам кога ќе си помислам што ако одолговлекував. Ќе ги поттикнам сте луѓе кои ако забележат било какви промени во обликот или бојата кои растат како мојата дамка, ако нешто ново ви се појави, тогаш ве молам одете на лекар. Ве молам не ја пикајте главата во песок. Што побрзо почнете со третман, тоа подобар ќе биде исходот.
Мислите за меланомот се со мене секој ден – но одучна сум тие да не ме враќаат назад.
Исто сум цврста пак да одам на одмори во странство. Ова беше голем тест за мене, но откако го надминав иницијалниот страв, сега можам да се опуштам. Сега ставам крема за сончње со фактор 50, еден час пред да излезам надвор, и се покривам од глава до петици. Искрено, баш ми е гајле како изгледам.
Сосема избегнувам пладнињата и сега седам во сенка. Дури и си носам спреј за тен со мене на одморите. Се уште можам да бидам „махагони“, но сега мамам.
Порано не можев „да се чуствувам своја“ ако не бев исончана.
И денес малку се чувствувам така. Понекогаш ми е тешко да прифатам како изгледам. Сосема сум бледа. Но користам спреј со боја за лицето кој ми дава „здрав изглед“.
Нема шанса пак да седам надвор на сонце. Треба само да прифатам која сум како изгледам.
Совети за сончање
Извршното тело за здравје и безбедност советува дека секое изложување на УВ зраци од опрема за кварцање е потенцијално штетно, посебно за луѓето кои:
– имаат светла, чувствителна кожа која лесно гори или бавно или слабо добива тен
– претходно изгореле, посебно во детството
– имате голем број пеги или црвена коса
– имате многу бенки
– земате лекови или се мачкате со креми кои ја прават кожата чувствителна на сончева светлина
– вашето здравје се влошува на сонце
– некој во вашето семејство имал рак на кожата
– сте имале големо оштетување на кожата од сонце.
Кратка историја на сончањето (добивањето тен)
Се векови, белата кожа била хит и се сметало дека луѓето се доволно богати за да не мораат надвор да работат.
Комплексот на бледоликоста се појавил во 17-иот век со правење крема од бела креда во прав или со бело олово, помешано со белка од јајца и оцет.
Се верува дека модната дизајнерка Коко Шанел го започнала трендот на сончана кожа откако случајно изгорела на сонце на кристарење во Кан, во 1923 година.
На парфемистот Жан Пату му се припишува правењето на прво масло за сончање, Уил де Шалди, во 1927 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст