На денешната прес-конференција Зоран Заев се најде во небрано како да ги објасни монтираните материјали добиени на нелегален начин.
Заев нагласи дека премиерот говорел во „шифри“. Всушност, нема говорење во шифри. „Разговорите“, односно монтираните материјали добиени од странски служби што ги емитуваше денеска се неразбирливи бидејќи се извадени од контекст, исечени и конструирани. Дури и Заев вели „Зборат во шифри затоа што се прислушува“, а токму тоа е и суштината. Зар Груевски сам себе би се прислушувал?
Дури и Заев денеска се препоти додека објаснуваше за што станува збор. Бидејќи парцелите за кои стануваше збор се пренаменети низ законска процедура и припаѓаат на приватни инвеститори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


