| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени скулптурите и фонтаната кај Филип Втори

На плоштадот „Карпошово востание“, на просторот меѓу црквата „Свети Димитрија“ и Министерството за транспорт и врски, денеска беа отворени големите фонтани и споменици на овој дел од градот

На постамент висок 13 метри е поставен споменикот на Филип Втори, а околу постаментот, на фонтаната која е направена во форма на солза, наредени се скулптури од неговото семејство. Веднаш до оваа фонтана е направена кружна жардиниерa, каде што ќе се насадат цвеќиња. До неа има уште една голема фонтана на која, исто така, се поставени неколку скулптури, а од спротивната страна ќе има две големи фонтани кои сѐ уште се во изработка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top