-Во услови кога сме под сериозен напад со цел политичка и системска дестабилизација, ние мислиме и работиме на реалните потреби на граѓаните. Ние ги реализираме ветените проекти, додека СДСМ го забавуваа народот со креирани телефонски разговори добиени од странски разузнавачки служби обидувајки се со сите сили да нѐ прикажат како нечовечни, како злобни, како криминалци и како некакво зло – посочи премиерот Никола Груевски на денешната трибина во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Салата беше претесна да ги собере поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ што сакаа да ги слушнат пораките од премиерот и партиското раководство. Пред присутните Груевски додаде: – Ама какво зло сме…, зло што гради и создава, зло што отвора илјадници нови работни места, зло што работи по 15 часа на ден за да му помогне секому кому може. Зло што на секој млад човек што ќе се запише на некој од првите 100 односно 200 универзитети во техничките науки во светот му ги покрива сите трошоци за студирање и за престој. Некое чудно зло е ова нашето… Како не дојде едно вакво зло уште порано во деведесеттите кога се затвораа и уништуваа фабрики и кога 200 илјади луѓе останаа без работа, кога се ограбуваа штедачите, кога цветаше шверцот во сите негови форми, кога се промени знамето и името на државата, кога цели 7 години државата работеше без Закон за јавни набавки, и место тоа за милионски набавки се бараше да се обезбедат само, замислете, три понуди од кого сакаш – рече Груевски. Според него, има зло на кое креирани телефонски разговори, вадени од контекст, сечени и што уште не, можеш да му ги пушташ истовремено на три национални телевизии во пренос од универзална сала во живо, и при тоа да тврдиш дека злото не дава слобода на медиуми. -Ние имаме дела зад нас, проекти, мерки, труд и макотрпна работа, и ние постојано мислиме како да направиме нешто повеќе и подобро за нашите граѓани. Денес сакам да потврдам дека покрај тоа што во моментот во Македонија се изградија аеродромите, се градаат железницата кон Бугарија, од вчера и гасоводот од Куманово кон Штип, се градат три автопатишта, едниот меѓу Демир Капија и Гевгелија, вториот од Скопје кон Штип, третиот од Охрид кон Кичево, во април ке излезе јавен повик за концесионер за нов автопат, меѓу Кичево и Гостивар, а со оглед на тоа дека веќе една компанија нѐ извести дека ќе се јави на повикот под условите кои ги најавивме, тоа ќе значи и дека околу нова година ќе почне градбата и на новиот автопат кој паралелно ке се гради со другите три. Од август/ септември, пак, ќе почне градбата на нов експресен пат со 4 ленти меѓу Штип и Кочани и проширување во ист таков експресен пат меѓу Градско и Прилеп, а од некаде нова година и Охрид /Пештани. Следната година ќе почне градбата на експресниот пат со 4 ленти од Ранковце до Крива Планка и бугарска граница, и процедурата за градба на 4 ленти експресен пат од Штип до Радовиш. Ете така ние се бориме за Македонија! Ете тоа значи да се бориш за сопствената држава и сопствениот народ! Со вистински дела, со реални проекти кои се одговор на реалните потреби на народот, а не со сценарија подготвени заради туѓи агенди – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст