Социјалната помош во јуни ќе биде зголемена. ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања вети покачување на помошта за социјално загрозените семејства, но место ветените пет проценти, оваа категорија луѓе ќе добијат двојно поголемо зголемување – социјалната помош ќе биде зголемена за 10 проценти. Досега социјалната парична помош е зголемена за 47 проценти, а постојаната парична помош за 46.
Ова го посочи премиерот Никола Груевски на денешната трибина во Борис „Трајковски“. Пред масата луѓе насобрана во салата, но и пред неа, тој потсети и на бенифициите што ги добија пензионерите. Потсети дека пензиите, во просек, се зголемени за 62 проценти, а најниските пензии се зголемени за 76 проценти. Следно покачување е во октомври.
-Покрај ова за пензионерите се обезбедија многу други бенефиции меѓу кои и тоа што 25.000 пензионери отидоа на бесплатна бања, а оваа година ќе одат уште 5.000 .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст